„Агроунија“ е производно-трговско претпријатие во приватна сопственост, основано од страна на инж. агр. Огнен Оровчанец во 1989 година во Скопје, Република Македонија.
Визијата во времето на основањето била да се создадат услови за научно-истражувачка активност и продолжување на селекционата работа-создавањето на нови сорти пченици која била започната од Илија Оровчанец, доктор на земјоделски науки и основоположник на селекцијата во Република Македонија, организирање на земјоделско производство, изградба на магацини каде би се доработувал семенскиот материјал од житни и други полјоделски култури. Семенскиот материјал кој се произведувал бил наменет за извоз.
По 20 години од основањето:
Агроунија има сопствен центар „Агроунија“ со над 2500 метри квадрадни во чиј склоп се дирекцијата, централниот магацин, центарот за доработка на семе со капацитет од 1200 до 1500 тони семе, производен погон на добиточна храна и малопродажба.
Агроунија има пет продажни центри во кои се извршува промет со минерални ѓубрива, семенски материјали, средства за заштита на растенија, добиточна храна, материјали за земјоделие и ситна механизација.
Во Агроунија постои: -континуирана научно-истражувачка активност; селекција, создавање нови сорти семенски пченици и тритикале и во Република Македонија има регирстрирани и признаени 18 сорти сопствени пченици и една сорта тритикале.
Агроунија секоја година има сопствено производство на семе на 200 хектари со комплетна сопствена механизација и организирано производство на семе во соработка со други субјекти на дополнителни 200 до 300 хектари.
Агроунија во сопственост има комплетен возен парк со лесни возила, комбиња и камиони.
Агроунија е асоцијативна членка на Факултетот за земјоделство при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Исто така е членка на „Сојузот на стопански комори на Р. Македонија“.