1. Научно-истражувачка дејност – селекција, создавање нови сорти на пченици и тририкале
2. Примарно земјоделско производство- семепроизводство
3. Производство семе доработка
4. Производство на добиточна храна
Научно-истражувачката дејност- селекција претставува создавање нови сорти пченици и континуиран процес со јасно изразени цели за сé поголем принос со сé поголем квалитет.
Годишно се сеат околу 3000 линии и голем број нови крстоски или се комбинираат постојаните сорти од асортиманот со кој располага Агроунија. При селекцијата посебно се внимава на здравствената состојба со примена на еколошки стандарди.
Агроунија располага со 200 хектари земјоделско земјиште на кое се организира намножување на семенски материјал од пченици по категории: линии, предосновен, основен семенски материјал и категорија Ц1.
Како плодоред секоја година се организира сеидба на 30-40% од површините со семенски-добиточен грашок.
За земјоделското полјоделско производство, Агроунија располага со најсовремена земјоделска механизација.
Целокупниот природен семенски материјал произведен на површините на Агроунија се доработува во сопствен центар за семе-доработка кој има капацитет 1200 до 1500 тони.
Во состав на Центарот Агроунија постои посебна активност - произвотство на добиточна храна, сите видови концентрати за добиток.
Трговијата на големо е специјализирана и исклучиво во функција за задоволување на потребите на земјоделското произвотство и тоа:
- промет на семенски материјал од житни, фуражни и индустриски култури, како и градинарски семиња
-промет со минерални ѓубрива, кристални ѓубрива, хумус и тресет
-промет со сретства за заштита на растенијата
-промет со репро материјали(полиетиленски фолии, полиетиленски везива, амбалажа и друго)
Застапништва :
“Институт за Кукуруз-Земун Поље” Белград-Земун Р.Србија (www.mrizp.rs)
“Семенарнакооп”-Петроварадин Р. Србија (www.semenarnacoop.com)
“Michael D Nice“-Холандија (www.nijs.com)
Трговијата на мало се врши во сопствена малопродажна мрежа, сопствени малопродажни објекти во:
-Агроунија- Драчево, Агроунија-Петровец, Агроунија-Марино, Агроунија-Стајковци и Агроунија-Бутел.
Во состав на секој малопродажен објект се врши промет на семенски материјал, минерални ѓубрива, средства за заштита, а на одделен простор и добиточна храна.